ВОВЕД ВО ВОЈНА: Британските пилоти добиваат зелено светло за соборување на руските авиони!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како да не е доволно загрозена меѓународната безбдност поради односите помеѓу Русија и САД кои постојано се влошуваат, сега во целата приказна влегуваат и Британците со чија одлука нивните пилоти имаат зелено светло да ги соборат руските воени авиони над Сирија, ако се почувствуваат загрозени
%d1%84-35_%d0%bb%d0%b0%d1%98%d1%82%d0%bd%d0%b8%d0%bd%d0%b32_%d1%84%d0%be%d1%82%d0%be_%d1%80%d0%b0%d1%84

Сето ова доаѓа со предупредуање дека Велика Британија и Русија се „чекор поблиску“ до војна

Пилотите на кралкската воена авијација имаат инструкции да избегнуваат контакт со руските авиони додека се ангажирани на миси против ИСИС во Ирак и Сирија. Сега имаат нови инструкции – имаат дозволи со своите авиони кои се вооружени со ракети воздух-воздух да ги соборуваат руските авиони за кои сметаат дека би можеле да бидат закана.

„Првата работа која британските пилоти ќе се обидат д аја избегнат е ситуацијата која би довела до пресметка во воздух. Затоа ќе се избегнува делот каде Русите се активни“, изјавил неименуван извор од Заедничкиот штаб на постојаните британски сили за Сандеј Тајмс.

„Но ако пилотот е нападнат, или се процени дека би можел да биде нападнат, тој може да се брани“, додал тој.

Британските торнадо авиони ќе бидат вооружени со современи ракети воздух-воздух „АИМ-132“. Ова оружје кое чини 200.000 фунти по парче, може да досегне трострука брзина на звукот и имаат поголем домет што овозможува да го соборат непријателот пред тој да го нанишани.

Сепак, Руските воени авиони имаат предност од неколку илијади метри да забележат непријателски авиони на својот радар, а исто така во Сирија се распоредени најсофистицираните системи за ПВО С-400.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This