ВОЕНИ АВИОНИ НА САД ВО БЛИЗИНА НА РУСКИТЕ БАЗИ ВО СИРИЈА: Седум извидувачки и противподморнички авиони забележани на радарите во близина на Хмејмим и Тартус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Седум американски извидувачки авиони се забележани во близина на сирискиот брег и тоа на истокот на Средоземното море каде се разместени руските бази во Сирија, Хмејмим и Тартус, пренесуваат светските медиуми

Како што се наведува, летовите на американските авиони ги забележила и агенцијата за мониторинг на летови „Мил Радар“. Станува збор за шест противподморнички авиони П-8А „Посејдон“, кои полетале од авио базата Сигонела на Сицилија, како и еден авион за радио-електронско извидување ЕП-3Е „Аријес 2“, кој полетал од грчкиот остров Крит.

Медиумите потсетуваат дека претходно Си-Ен-Би-Си, повикувајќи се на неименуван извор запознат со ситуацијата во Сирија, јавила дека САД размислува да нападне осум различни цели во Сирија.

Помеѓу останатото, како што навел изворот, на списокот се два воени аеродроми, истражувачки центар, како и компанија која е поврзана со производство на хемиско вооружување во Сирија.

Официјална потврда на ова сеуште нема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This