Возач и сопатничка тешко повредени во „сообраќајка“ на автопатот Тетово-Гостивар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Возач на автомобил и неговата сопатничка утрово се пренесени на скопската клиника со тешки телесни повреди откако излетале од коловозот на автопатот Тетово-Гостивар.

Според информациите од СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила утрово околу два часот во близина на „тумчевишкиот надвозник“. Автомобил БМВ што го управувал Ј.Р. (25) од скопско Грчец загубил контрола и излетал во околните ниви превртувајќи се неколкупати. Во несреќата со тешки повреди се задобила и сопатничката К.П. (29) од Берово. Двајцата прво биле згрижени во ургентното одделение во гостиварската болница, од каде како итни случаи се пренесени на скопските клиники.

Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово, по овластување на јавен обвинител. Првично, причина за несреќата е неприлагодена брзина, а вкупната штета се проценува на над 300 илјади денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This