ВОЗДУХОТ ВО СКОПЈЕ ТОКСИЧЕН: Ништо од „ајро“ што го ветуваа Заев, Шилегов, Богоев, Марин…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Воздухот во Скопје е четирипати позагаден од максимално дозволените концентрации, иако покрај централната СДС ја презеде и локалната власт, никако да им донесе воздух на Скопјани, ниту пак да презеде некоја мерка, иако тоа им беше главно предизборно ветување, а никаде ги нема и професионалните протестирачи од СОРОС против загадувањето како и самопрогласените експерти, кои со години го лажеа народот дека за состојбата виновен е екс градоначалникот Коце Трајановски,  објавуваат интернет медиумите.

-Во предизборната кампања за локалните избори, но и изминатите години во континуитет СДСМ обвинуваше дека директно одговорен за загадувањето во Скопје е тогашниот градоначалник Коце Трајановски. Пропагандната машинерија успеа да ги удеди граѓаните кои се задушуваат во скопскиот смог секоја зима дека Трајановски е виновен, но не успеа да им обезбеди чист воздух сега откако Трајановски го нема. Скопјани се уште се задушуваат во смог, а нивото на канцерогените ПМ 10 честички синоќа беше четирипати повисоко од дозволеното.

Мерните инструменти на Министерството за животна средина  синоќа покажаа големо загадување на воздухот во Скопје.

Во Центар во 19 часот синоќа  концентрацијата во воздухот со ПМ10 честичките беше 178 микрограми на еден кубен метар воздух (50 микрограми е граничната вредност). Во Карпош беше 312, во Лисиче 359. Два или три пати повеќе од граничните вредности има и од суспендираните  честички ПМ2,5.

Утрово мерењата покажуваат дека ниско загаден е воздухот во Лисиче и кај Ректоратот во Скопје, како и во Кочани. Иако на почеток од грејната сезона, загаденоста на амбиенаталниот воздух во Скопје секој ден расте.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This