ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ГО ЗЕМА ДАНОКОТ: 30 пациенти приклучени на кислород

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Енормното загадување ги преполни болниците со пациенти. Доаѓаат во ургентна состојба , со гушење, помодрени во борба за кислород. На Институт за белодробни заболувања и туберкулоза има 30 пациенти  кои примаат кислород, од нив 10 постојано се на апарати во дневната болница другите се на интензивна.

Директорот на институтот  вели дека најголема мака од аерозагадувањето имаат хронично болните и дечињата. Кој препорачува  ако имаа симптоми како што е честата кашлица, да не одложуваат, веднаш да одат на лекар.

Преполн е и Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле”, каде хоспитализирани се  повеќе од 80 дечиња кои имаат бронхопневмонија, бронхитис или ларингитис. Состојбата им е влошена пред се како што рече директорот доктор Андоновски,  поради загадувањето.
Од вчера попладне  не важат мерките за намалување на загадувањето. Денеска  мерни станици  не измерија висока  концентрација на ПМ10 честички во воздухот. Околу 60-тина микрограми на кубен метар измерено е во Тетово, Куманово, Битола, Кичево, меѓутоа во најзагадената скопска населба Лисиче  и денеска е загадено ама за разлика од претходните денови кога  беше загадено 10 пати повеќе од дозволеното сега е  над 2 пати, односно измерени се 140 микрограми на кубен метар ПМ10 честички, слично е и во населбата Карпош.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This