March 28, 2024, 12:38 pm

Возете внимателно на овој патен правец: Денес и утре ќе има прекини во сообраќајот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Конструксионе Рубау А.Д. Гирона Шпанија известува дека е изведувач на експресниот пат Прилеп – Градско, делница Фариш – Дреново. Согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај:

– На 12.09.2018 ќе започнат со работи на пат од 07:00 часот, а прекини во сообраќајот ќе има од 09:00 – 15:45 часот. Прекините ќе започнат во 09:00, 11:00, 13:00 и 15:00 ч. и ќе траат околу 30-45 минути. После 15:45 часот, сообраќајот ќе се нормализира.

– На 13.09.2018 градежните работи ќе започнат во 07:00 часот, а прекини во сообраќајот ќе има од 09:00 – 11:45 часот. Прекините ќе започнат во 09:00 и 11:00 и ќе траат околу 30 – 45 минути. После 11:45 часот на 13.09, сообраќајот ќе се нормализира.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This