ВОЗЕТЕ НА СТРУЈА: Кои се бенефитите од возење на електричен автомобил, и колку всушност заштедувате!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Maj 2015-ta. Базел, Швајцарија.

Мојот добар пријател, најголемиот жив дисидент во Европа, Даниеле Генсер од Швајцарија е човек што ми овозможи прв пат да возам електричен автомобил. Секако не сметајки ги бамепр аутата во луна парк.
tesla-model-s
Даниеле живее во куќа која е енергетски самодоволна, со серија батерии, пречистувачи на отпадна вода и сл.

И, како финале на се вози автмобил Тесла модел S. Од 0 до 100 забрзува за 2,7 секунди. Од Шведска до Сицилија вози без да потроши пари за гориво. Безшумен е. Има радиус од над 400 километри без полнење. И, чини околу 80.000 евра она што ја го возев.

Реално, тоа е иднината на планетата.

Кој се мааните на електричните аута:

1. Безшумни се, а со самото тоа и опасни по пешаците. Во многу држави има обврска да имаат звучници кои даваат звук на мотор со внатрешно согорување.
2. Ги нема од сите производители.
3. Ги нема во популарни варијанти како SUV, сикс-ситери и слично.

Предностите се евдиентни:

1. Не загадува.
2. Бесплатно е возењето.
3. Нема трошоци за сервис (масло во мотор, мењач и сл.)
4. Нема менувач.
5. Нема ламела.
6. Нема “друг лагер“.

Колку што знам едно такво ауто има во Скопје. Сопственик е Предраг Чемеригиќ.

Моето серизно размислување е следното ауто да ми е електрично. Малку се солени, ама многу исплатливи. Плус, има и субванеции од 5.000 евра на тоа ауто. Плус, нема плаќање акцизи, ДДВ, пакатрини, паркинзи, регистрации…

Зачувавње на природата – МАКСИМАЛНО.

Миленко Неделковск
Дудинка.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This