ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА: Најмалку 60 масакрирани во затвор во Бразил откако избувнал бунт меѓу затворениците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку 60 лица се убиени во бунтот во затвор во бразилскиот град Манаус, во амазонската џунгла, соопштија локалните власти.

zatvor_brazil

– Тоа е најголемиот масакр, извршен во затвор во регионот – изјави на прес-конференција началникот на силите за јавна безбедност на сојузната држава Амазонас.

Бунтот избувнал вчера вечерта како последица на судир меѓу затвореници од две завојувани нарко банди, локалната и од Сао Паоло и беше задушен денеска изутрината.

Портпаролот на канцеларијата на локалниот гувернер изјави дека непознат број затвореници успеале да избегаат користејќи го хаос, кој настанал како последица на бунтот.

Меѓународните групи за заштита на човековите права остро го критикуваат Бразил поради неговиот затворски систем, кој се карактеризира со пренаселеност на затворите и честите бунтови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This