ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ ОД МАСАКРОТ ВО САД: На интернет се појавија вознемирувачки снимки од масакрот во училиштето во Флорида

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Учениците во средното училиште „Стоунман Даглас“ во американската сојузна држава Флорида со мобилен телефон го снимиле масакрот кој во средата го изврши Николас де Хесус Круз

Убиецот тој ден во училиштето влегол со полуавтоматска пушка АР-15 и низ вратата на училниците почнал да пука по учениците и вработените во училиштето. Неговиот поход траеше три минути.

Снимките кои се појавија на социјаните мрежи сведочат за хаосот кој учениците го доживеале тој ден.

https://www.youtube.com/watch?v=7SSMi56xmj4

На една од нив се гледа како учениците седат на подот на училницата и чекаат помош. Низ вратата на просторијата потоа влегуваат вооружени полициски сили, на што учениците веднаш ги кренаа рацете во воздух. Шокантната снимка е уште пострана бидејќи може да се видат рацете кои им се тресат на учениците.

На друга снимка може да се слушнат звуците од пукањето, како и врисоците на учениците. „О боже, о боже“ може да се слушне на видеото.

Според пишувањето на „Дејли Мејл“, учениците, за да дојдат на сигурно, мораа да трчаат по крвавите ходници полни со безживотни тела.

На една фотографија која се појави на Снепчет, може да се видат дупки од куршуми во лаптопот на еден од учениците.

„Беше навистина лошо. Секаде имаше дупки од куршуми. Сите беа во паника. Не го видов напаѓачот, но пукаше во мојата училница. Не можеше да влезе бидејќи вратата беше заклучена“, рече ученикот Метју Вокер за Еј-Би-Си.

Откако Круз испукал 10 до 12 куршуми во неговата училница, продолжил понатаму. „Само одеше од училница до училница и пукаше во децата“, се присетува шокиран ученик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This