ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ ОД ПРЕТРАГАТА ПО ТЕЛАТА НА ЗАГИНАТИТЕ: Не се работи за терористички напад, најверојатна грешка на пилотот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот министер за сообраќај Максим Соколов денес изјави дека терористички напад „не е опција“ како причина за падот на авионот. Руските медиуми пренесуваат дека Соколов, кој е и шеф на комисијата за истражување на несреќата, кажал дека падот на авионот бил предизвикан од технички проблеми или грешка на пилотот.

rusija_spasuvaci

 

„Истакнувам дека тоа ќе го утврдат истражителите, како и специјалната комисија на руското министерство за одбрана. Вчера контактирав со претседателот и премиерот на Абхазија, бидејќи се претпоставува дека морските струи одвлекле делови од авионот преку границата. Нашите колеги во Абхазија ќе се приклучат на потрагата“, изјави Соколов.

Во меѓувреме, телата на 10 од жртвите, кои засега се пронајдени, се префрлени од Сочи во Москва.

„Со авион иљушин 76 се префрлени 10 тела и 86 делови од тела на жртвите во Москва, каде ќе бидат идентификувани и ќе биде направена ДНК анализа“, соопшти руското министерство за одбрана.

Руски воен авион се урна вчера наутро во Црното Море, во близина на Сочи, а никој од 92 патници и членови на екипажот не преживеа. Меѓу настраданите се и 64 члена на славниот ансамбл „Александров“ и девет новинари.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This