April 27, 2024, 12:12 am

(Вознемирувачко видео)АМЕРИКАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАСТРЕЛА 26-ГОДИШНА ЖЕНА: По неколкучасовно одбивање да се предаде, полицијата ја застрела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полициската станица во Канзас објави снимка од камерите на полицајци кои биле на задача, која заврши со ликвидирање на жената која се закануваше дека ќе пука во полицијата

Според локалните медиуми, жената е 26-годишната Сијара Хауард. Истата претходно била осудена на условна казна и претстој во институција за рехабилитација на деликвенти, откако претходно била уапсена поради кражба и опструкција при апсење. Откако ја загубила работата како касиерка, таа не се пријавувала во центарот за рехабилитација, па поради тоа полицијата морала да ја приведе.

Жената беше обвината за бегство, а по истата била распишана потерница за апсење на 21.август 2017. година. Два дена подоцна, полицијата добила информација дека таа се наоѓа во куќата на нејзиното момче.

Полицијата ја опколила куќата три часа пред да се одлучат да внатре.

По повиците на полицијата таа да излезе и мирно да се предаде, истата извади пиштол. Залудни беа и обидите на полицијата која 13 секунди ја предупредуваа да го фрли оружјето.

Потоа беше застрелана.

Окружниот јавен обвинител ја прегледал снимката, по што донел одлука дека постапката на полицијата е оправдана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This