(Вознемирувачко видео)СНИМАЛЕ КАКО ГИ ЗАСТРЕЛУВА ГАНГСТЕР: Двајца Американци застрелани додека во живо пренесувале на Фејсбук!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тројца мажи си седеле во автомобилот, кога криминалец дошол и пукал во нив.

Тројца мажи беа застрелани од вооружен напаѓач, додека седеле во автомобил, пушеле и си слушале музика. При тоа тие се тоа го стримале директно на Фејсбук. Дошол некој и ги застрелал. Мажите на 27 и 29 години биле однесени во болница во Норфолк во американската држава Вирџинија со прострелни рани. Двајца од нив се во животна опасност. Полицајците пристигнале на местото на инцидентот, откако некој очевидец пријавил истрели.Тие ги нашле жртвите на злосторството во автомобилот со прострелни рани по нивните тела.
Ти Џеј Вилијамс пуштиле лајввстрим на Фејсбук, на кој се гледа како тој и другите двајца мажи пушат во автомобилот. Данте Рашар Вилијамс бил зад воланот на автомобилот. Пет минути по почетокот на лајвстримот се слушаат серија истрели и телефонот од кој се води емитувањето, паѓа на подот на возилото, но продолжува да снима уште околу половина час.

Иако мажите веќе не се во кадар , по завршувањето на снимањето се слуша како некој вели: “те молам, викни брза помош”. Потоа се слуша како некој вика брза помош и дава адреса, за да може да пристигне брзата помош. Потоа се слуша маж кој им вели на застреланите “да стојат мирни”. 10 минути подоцна пристигнува брза помош.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This