ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Полицаец од Калифорнија крвнички тепа заврзан човек!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Камерите во затвор во Калифорнија снимиле како затворскиот чувар претепува врзан човек со лисици на рацете. Видеото е во траење од 35 секунди, снимено во август минатата година, но локалното обвинителство покренало обвиненија дури пред неколку дена .

Снимката која е објавена оваа недела од страна на окружниот обвинител во Сан Хоакин, прикажува како полицаецото Метју Матлер го удира обвинетиот, кој има лисици на рацете и нозете. Обвинетиот има вреќа на главата наводно за да се спречи да ги плука полицајците. Тој наводно ги плукнал полицајците кој го уапсиле поради пијанство на 24 август минатата година.

На снимката се гледа Метлер како влегува во просторијата и го удира обвинетиот, во главата. Од силните удари обвинетиот во даден момент ја губи свеста.

Шерифот во Сан Хоакин, Стив Мур вели дека го поддржува окружниот обвинител да покрене прекршочна пријава против Метлер.

,,Како шериф не ги поддржувам, акции кои се гледаат на смиката’’ вели шерифот на Фејсбук.

,,Тоа е во потполност спротивно со професионализмот на полициските службеници во Сан Хоакин и овој одел. Рекацијата на окружниот обвинител е примерна и ја поддржуваме’’, додаде Мур.

Тој ги пофали полицаецот кој беше присутен и го пријави нападот иако е нејасно кога е нападот пријавен.

Метлер е суспендиран и се очекува да се појави на суд на 26 март.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This