ВОЗОБНОВУВАЊЕТО ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА: Еврејската заедница одбележува 75 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еврејската заедница во Република Северна Македонија вечер во 20 часот на Малата сцена во Македонскиот народен театар ќе ја одбележи 75-годишнината од возобновувањето по Втората светска вoјнa.

Како што најавуваат од Еврејската заедница, на сцената ќе биде претставена мултимедијална изведба „Отсјајот на Давидовата ѕвезда“ под режисерската палка на Трајко Јордановски со спој на музика, танц, глума и визуелна нарација. Еврејската заедница одбележува 75 години од возобновувањето по Втората светска вoјнa.

Собранието за обнова на Еврејската општина по Втората светска вoјнa е одржано на 26 декември 1944 година. За прв претседател на обновената Еврејска општина бил избран Ѓорѓи Блајер, за секретар неговата сопруга Лена, а за потпретседатели Јосип Грас и д-р Боро Варон. Со тој настан, малата група преживеани македонски Евреи го продолжи животот во Македонија. Еврејската заедница одбележува 75 години од возобновувањето по Втората светска вoјнa.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This