ВОЗОТ ЗА ЕУ ОТИДЕ JAБАHA: Преговорите би почнале 2020, а ќе траат 10 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Јуни нема да има одлука за датум за преговори, затоа што Франција, Данска и Холандија сметат дека МК не е спремна и дека нема доволно добра имплементација на законите, посебно во областа владеење на правото и реформите во администрацијата, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој е дел од собраниската делегација на Вториот дел од редовната сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа што се оддржува во Стразбур, Република Франција.

Од таму Милошоски порача во видео обраќање објавено на неговиот фејсбук профил дека оптимистичко и реално сценарио за почеток на преговорите, доколку има добри реформи и се убедат ФР и Холандија, е за време на Хрватското претседателство со ЕУ во првото полугодие на 2020 година

–Македонија за жал нема да добие одлука за датум за преговори во Јуни, ceлективната правда и немањето реформи во администрацијата се само дел од причините. Доколку има подобра имплементација на законите и фер и демократски претседателски избори, тогаш може да се надеваме преговорите со ЕУ да почнат 2020 година, за време на Хрватското претседателство. Преговорите за членство во ЕУ, доколку не се појават проблеми или блokaди во нивниот тек, би траеле околу 8-10 години – порача Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This