ВОЛКОТ ВЛАКНОТО ГО МЕНУВА, АМА ТАБИЕТОТ НЕ: Сомнителна набавка за печатење пасоши од 20 милиони евра го „дрма“ МВР

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нешто помалку од 20 милиони евра е вредноста на новата корупциска афера, која овој пат ќе го „тресе“ Министерството за внатрешни работи на Р.Македонија

Според документи кои ги објави порталот „Вечер“ се работи за спорна јавна набавка за изработка на обрасци за патни исправи, лични карти и други лични документи, а компанијата која била избрана на нетранспарентен начин е истата компанија која во периодот од 2002. до 2006. година беа во центарот на вниманието на македонската јавност, кога министри беа Хари Костов, Силјан Аврамовски и Љубомир Михајловски. Сите од редовите на СДСМ.

Тогаш, во периодот од 2002. до 2006. година МВР спроведе набавка за печатење на лични документи, а како единствен понудувач беше германската компанија Giescke & Devrient GmBH. Понатамошната истрага која ја спроведе наследничката влада, укажа на тоа дека со оваа операција биле проневерени пет милиони евра. Како и по навика, никој не одговараше.

Компанијата која е правен наследник на Giescke & Devrient GmBH, „Веридос ГМБХ“ е компанијата која повторно склучува договор за испорака на обрасци на лични документи со МВР, и тоа повторно во период кога на чело на полицијата се наоѓаат кадри на СДСМ. За разлика од проневерата во 2005. година кога „лапнаа“ пет милиони евра, овој пат сумата е значително поголема.

Во мај 2019 година во МВР била донесена одлука за спроведување на јавна набавка за печатење на обрасци за лични документи. При носењето на оваа одлука, документот со кој се заверува постапката за започната не е заведена со точен датум што е и законска обврска. Еден месец подоцна, се носи нова одлука за започнвуање на постапка за јавна набавка, овој пат со деловоден број на документот, но повторно со „бланко“ датум. Немањето на точен датум за тоа кога е донесена одлуката отвара пак сомнеж дека истиот документ бил заведен со деловоден број, но точниот ден бил изоставен со цел да се остави можност за допишување во моментот кога ќе „падне“ договор.

За спроведување на оваа јавна набавка била формирана и специјализирана Комисија на чие чело е поставена извесна Љубица Гудевска која пак назначила седум заменици членови на комисијата. Неколку месеци подоцна, откако завршил рокот за спроведување на јавната набавка, 9 од 14 членови на Комисијата се сменети без образложение.

Министерството за внатрешни работи за пропаднатата набавка издвоило околу седум милиони евра, или 435.502.410 денари без ДДВ. Откако постапката за оваа набавка пропаднала, истата комисија наместо да ја прогласи претходната за ништовна и процесот да го започне одново, тие едноставно продолжуваат со работа и со прибирање на нови понуди за истата јавна набавка.

И види чудо, како единствен понудувач се јавува компанијата „Веридос ГМБХ“ со понуда од неверојатни 19 милиони евра.

Значи, откако пропаднала првичната набавка за која МВР издвоило седум милиони евра, Комисијата за спроведување на тендерот наместо да ја запре постапката противзаконски продолжила со работа, и наместо да добие поефтина понуда, тие успеале да добијат понуда три пати повисока од првично планираниот буџет за оваа набавка, или во бројки, 12 милиони евра повеќе од првично планираното.

На 6. декември понудата на „Веридос ГМБХ“ е избрана за најповолен понудувач – иако бил единствен. Истиот ден, помошник-министерот Живко Темелковски ја потпишува одлуката за успешно спроведена јавна набавка, но и договорот со компанијата. Ваквата постапка на помошник-министерот пак е противзаконска сама по себе, ако се знае дека прво треба да се изготви извештај за спроведената јавна набавка. Истиот да се провери и одобри од страна на надлежните органи во министерството и Комисијата за јавни набавки, а потоа со нивно одобрение и да се потпише конечниот договор.

Живко, макар бил и Усаин Болт не би можел да го постигне сето ова во еден работен ден.

И дополнително, секоја одлука донесена како резултат од спроведена јавна набавка, на која нема повеќе од еден понудувач се смета за неуспешна јавна набавка и се распишува нова на која ако не се јават доволен број на понудувачи, институцијата треба сама да побара.

Зошто се брзало да се потпише со „Веридос ГМБХ“, особено ако се знае коруптивниот имиџ на оваа компанија, останува прашање на кое се уште немаме одговор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This