ВОЛЦИТЕ И РЕНЏЕРИТЕ ПОКАЖАА ВРВНА ПОДГОТВЕНОСТ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Врвна обученост и подготвеност да делуваат за многу кратко време во какви било сложени услови, се дел од активностите кои припадниците на Полкот за специјални операции кои денеска ги демонстрираа на Армискиот полигон Криволак, соопштија од ГШ на АРМ.

 

2-3-640x360

– Популарните волци и ренџери изведуваа наменски задачи со експлозивни средства за уништување на препреки и реакција на контакт со употреба на боева муниција од оклопен транспортер во движење, информираат од АРМ.

3-4-640x360

Вежба е дел од редовните плански активности која ги изведува оваа елитна единица во теренски услови.

4-4-640x360

На армискиот полигон Криволак и Центарот за обука во Пепелиште под раководство на инструктори од пСО, се одржува и селективен курс на новопримените професионални војници кои се кандидати за прием на во оваа елитна единица.

6-3-640x360

-Селекцијата е со цел да се изврши квалитетен, стручен и правилен избор на кандидати за вршење на должности во специјалните единици на АРМ. Притоа инструкторите вршат постојано следење на особините и карактеристиките на кандидатите како : тимска работа, дисциплина, лојалност, прилагодливост и психичка и физичка издржливост во секакви теренски и временски услови, истакнуваат од АРМ.

5-3-640x360

Началникот на генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски кој присуствувал на денешните активности бил информиран од страна на командантот на единицата, полковник Орце Јордев за методите и постапките кои се користат во обучувањето за справување со безбедносни предизвици во најсложени ситуации.

4-4-640x360-1

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This