ВОНДРЕДНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА: Велат дека е „премногу рано“ да се прогласи глобална вонредна состојба за коронавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коронавирусот во Кина од кој заболеа стотици луѓе сè уште не е глобална здравствена вонредна состојба, соопшти денес Светската здравствена организација, пренесе АП.

СЗО ја изнесе својата проценка откако кинеските власти во обид да се спречи ширењето на новиот вирус ставија три града во карантин и откажаа големи собири во Пекинг по повод празнувањето на лунарната Нова година.

За време на прес-конференцијата во Женева, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, рече дека додека е јасно дека има вонредна состојба во Кина, „сè уште не е глобална здравствена вонредна состојба. Но сè уште може да стане“.

Одлуката „не треба да се сфати како знак дека СЗО не смета дека ситуацијата е сериозна или дека ние не ја сфаќаме сериозно. Тоа е далеку од вистината“, рече генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејезус. „СЗО ја следи оваа појава во секоја минута од секој ден“.

Здравствената агенција на Обединетите нации ја донесе одлуката откако независни експерти два дена ги проценуваа информациите за ширењето на новооткриениот коронавирус.

„Премногу е рано да се смета за здравствена вонредна состојба на меѓународно ниво“, рече Дидиер Хаузин, претседател на комисијата за вонредни состојби, истакнувајќи дека панелот „бил многу поделен, речиси 50-50“.

Според СЗО глобална вонредна состојба се дефинира како „вонреден настан“ што претставува ризик за другите земји и бара координиран меѓународен одговор. Претходни глобални вонредни состојби се прогласени за појавата на Зика вирусот во Америка, пандемијата на свински грип и полио.

Прогласувањето глобална вонредна состојба обично значи повеќе средства и ресурси, но исто така може да ги поттикне нервозните странски влади да ги ограничат патувањата и трговијата со засегнатите земји.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This