March 28, 2024, 10:49 pm

Вонземјаните нема да ни одговорат на пораките уште 3.000 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потрагата по вонземски живот е возбудлива, но и комплексна поради технолошките ограничувања, како и поради природата на времето и просторот. Поради тоа, астрономи од Универзитетот Харвард тврдат дека нашите пораки до вонземјаните може да патуваат 3.000 години.

Радиосигналите и сите електромагнетни бранови се движат со брзина на светлината, но оддалеченостите кои ја раздвојуваат Земјата од потенцијално населени вонземски светови значат дека и најголемите оптимисти се сомневаат во тоа дека вонземјаните, додека стигнат нашите пораки до нив, би можеле да бидат мртви.

Астрономите Абрахам Леб и Амир Сирај направија анализа на оваа проблематика, пресметка базирана според принципот на Коперник кој вели дека Земјата не одмора во посебна физичка положба во вселената. Во науката, тоа значи дека не треба да се претпоставува дека луѓето имаат темелно привилегирана положба во вселената.

Со сигурност може да се претпостави дека вонземјаните нашите радиосигнали би ги виделе како технолошки маркери. Првиот радио сигнал на Земјата се случил во 1901 година кога италијанскиот пронаоѓач Гуљелмо Маркони го извршил првиот трансатлантски пренос од Корнвол во Англија до Сент Џон, Њуфаунленд.

Оттогаш луѓето испраќаат радиосигнали во вселената, не размислувајќи за последиците.

Тоа значи дека ако постои цивилизација оддалечена 100 светлосни години од Земјата со чувствителни радио телескопи, постои можност да нè слушнале и веќе да сме „започнале разговор“ со интелигенти видови чиј одговор уште го чекаме.

Вонземјаните би можеле да одлучат да ја истражат детално нашата планета пред да испратат одговор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This