Вонредна временска прогноза: Не очекуваат големи промени на температурата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Промената што ќе се случи во среда доцна навечер, во текот на ноќта кон четврток, а особено во четврток, ќе донесе значителен на температурите на воздухот (за околу десет степени, понекаде и за повеќе), информира Славчо Попоски.

Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер, кој ќе биде и со зас илен интензитет, особено долж Повардарието. Исто така, особено во четврток, ќе има зголемена облачност која ќе биде проследена со повремени врнежи од дожд и тоа особено од пладневните часови па натаму, од локален карактер и нешто поинтензивни. Ќе има услови и за локална појава на грмежи како и со засилување на ветерот.

Нестабилноста е повеќе веројатна на запад и на југ од државава.
Најтопло ќе биде денеска и во среда кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28. до 35. степени, а во четврток максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22. до 30. степени.

Понатамошен пад на температурите на воздухот ќе има во петок, кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16. до 24. степени.
Особено студено ќе биде во сабота, кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 0. до 11. степени во најтоплите предели од државава.
Поради ваквата ситуација и поради разведрувањето, во сабота наутро не се исклучува можноста за појава на слана или слаб мраз на некои места и тоа особено во Малешевијата, па земјоделците треба да бидат подготвени за овие промени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This