March 28, 2024, 12:51 pm

Вонредна временска прогноза: Нов снежен бран доаѓа кон Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И утре изутрина ќе биде многу студено, во поголем дел од земјава со температури под -15 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури. Позначителен пораст на температурата ќе има во петок, кога ќе дува умерен ветер од јужен правец, а максималните температури насекаде ќе бидат позитивни.

snegopstozima

Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот и во сабота, кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка. Долж Повардарието и во јужните делови на пониските места ќе има намалување на снежната покривка.

 

Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Дневната температура ќе биде околу нулата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This