March 29, 2024, 10:18 am

ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА И ИНФОРМАЦИИ: Претстои опасност од помали излевања на реките, дождот пообилен во следните 48 часа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Облачно време со врнежи од дожд со променлив интензитет. Најинтензивни се врнежите во западните планински подрачја, во Пелагонија, како и во југоисточните делови од земјава.

14203212_1043109869138053_2259176167150173646_n

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

21 Струмица, Охрид, 20 Гевгелија, Виница, Штип, Тетово, 19 Кр. Паланка, Д. Капија, 18 Прилеп, Претор, Берово, Скопје, 17 Пожаране, 16 Битола, Тополчани, Пожар, 15 Ѓуриште, 14 Лазарополе, 12 Маврово.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот.

50 Битола, 38 Тополчани, 33 Маврово, 29 Гевгелија, 25 Прилеп, 18 Д. Капија, 17 Скопје, 16 Пожаране, Лазарополе, 13 Тетово, 10 Пожар, 9 Ѓуриште, 7 Претор, Охрид, Штип, 5 Виница, Струмица, 3 Берово, 2 Кр. Паланка.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Облачно и свежо со врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи имаше во јужните и западните делови од земјава, каде  наврнаа  50л/м2, воден талог. Дуваше  слаб до умерен источен и југоисточен ветер. УВ=3

Во скопското подрачје имаше врнежи од дожд со променлив интензитет,а дуваше и умерен ветер од источен правец.

 

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Облачно и свежо со врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи ќе има во јужните и западните делови од земјава, каде се очекува да наврнат уште дополнителни  10 до 15 литри. Ќе продолжи да дува слаб до умерен источен и југоисточен ветер.

 

ВРЕМЕТО УТРЕ

Претежно облачно со врнежи од дожд, на места пообилни, особено во јужните и западните делови. Ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. УВ=4 Т-мин. од 11 до 18 а т-мин. 17 до 25 степени.

Во скопското подрачје ќе има врнежи од дожд со променлив интензитет, ќе дува ду и умерен ветер од источен правец. Т=15/23.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во наредните три дена ќе има обилни врнежи од дожд особено во јужните делови на земјава, но кличините на наврнат воден талог  ќе  бидат во постепено опаѓање.

В недела и в понеделник ќе има намалување на облачноста, но сеуште е можа локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.  Од вторник се очекува стабилизирање на времето, а температурата на воздухот ќе биде во  пораст.

 

Дежурен синоптичар: инж. мет. Душанка Танушевска

 

[/kopa_block_quote]

 

Метеорологот на iNFOMAX.mk Славчо Попоски пак,  излезе со слична прогноза, но и предупредување за зголемување на водостојот на реките низ државата, кај кои треба одблиску да се надгледува ситуациајта со цел да не дојде до поголема катастрофа.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Моќниот циклонски систем со центар над јужен Јадран и над Апенинскиот Полуостров и понатаму ќе влијае на времето во Македонија.

Во следните 48 часа се очекуваат нови врнежи кои на повеќе места ќе бидат ПООБИЛНИ. Особено ОБИЛНИ врнежи ќе има во западните и во јужните предели. Можна е и локална појава на грмежи како и засилен ветер.

-Постои опасност од локални поплави и излевање на речните корита особено во западните предели.

-Во случај на појава на електрични празнења да не се предстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во текот на електричните празнења да се избегнува разговор на мобилни телефони.

[/kopa_block_quote]

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This