ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ВЛАДАТА: Се одлучува за четиридневниот карантин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на седница која е во тек, одлулува за препораките од Комисијата за заразни болести за полициски час во престојниот продолжен викенд поради спречување на ширење на Ковид-19. Во последните денови бројките растат, и токму од тука полицискиот час е пред враќање во нашата земја.

Комисијата за заразни болести до Владата на Република Северна Македонија ќе ги достави следните предлог мерки за претстојниот продолжен викенд:

– Полициски час од четврток (4 јуни) од 21.00 часот до понеделник (8 јуни) до 05.00 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, општина Куманово, општина Липково, општина Штип, општина Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

– Во сите останати градови, полицискиот час да трае – од четврток (4 јуни) од 21.00 часот до петок (5 јуни) до 05.00 часот наутро. Останатите денови полицискиот час да започнува од 16.00 часот и да трае до следниот ден до 05.00 часот наутро.

Веднаш по завршувањето, најавена е прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче, на која ќе се информира за најновите мерки за спречување на ширењето на Ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This