ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО РУСИЈА: Гладни поларни мечки влегувале по домовите во потрага по храна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На архипелагот Нова Земја прогласена е вонредна состојба поради инвазијата на поларни мечки, соопштуваат од регионалната влада на Архангелск. Одлуката да се прогласи вонредна состојба е донесена на 9. февруари.

Властите на островот Нова Земја прогласиле вонредна состојба затоа што поларни мечки им одат на луѓето по домовите и не се плашат од ништо.

Поларните мечки се погодени од глобалното затоплување и сè повеќе се присилени да доаѓаат на копното во потрага за храна. Овие животни Русија ги прогласи за загрозен вид. Ловот на мечки е забранет, а државната агенција за заштита на околината одби да даде дозвола за да се убијат животните.

Мечките не се плашат од ништо. Ниту од полициските патроли и сирените кои ги бркаат, што значи потребно е да се преземат порадикални мерки. Ако останатите мерки не родат плод, единствениот одговор би можел да биде контролиран отстрел, предупредуваат официјалните лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This