Вонредна состојба во Њујорк поради „eпидемијата“ на вoopyжено нacилство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гувернерот на Њујорк, Ендру Комо потпиша извршна наредб а за прогласување состојба на „вонредна катастрофа“ поради насилството во државата Њујорк.

Ендру Комо рече дека тие „се префрлиле од една во друга епидемија“.

„Отидовме од Ковид во епидемија на вооружено насилство. Повеќе луѓе умираат од насилство од оружје отколку од ковид“, рече Куомо на прес-конференција.

Објавата следи по низата пукотници за време на празничниот викенд во градовите низ целата земја. Куомо им рече на сите во земјата дека сака да го разберат обемот на проблемот.

Како што рече, државата ќе формира Канцеларија за спречување на вооружено насилство во рамките на Министерството за здравство на таа сојузна држава.

„Борбата против вооруженото насилство значи отстранување на нелегалното оружје од улиците“, наведе Куомо на Твитер.


Тој додава дека 74% од оружјето користено во градот Њујорк е купено надвор од границите на државата.

Повеќе од 180 лица беа убиени за три дена во кои САД го славеа Денот на независноста, според податоците од организацијата „Gun Violence Archive“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This