ВОНСЕРИСКИОТ ГИТАРИСТ ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ: „Во овој луд свет најважно е да се остане жив!“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вонсериските гитаристи со светска репутација, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ синоќа, во рамките на Gitar Art Festivala во Белград, премиерно претставиле фрагменти од долго очекуваниот албум „Крушево 2“, како продолжување на еден од најдобрите гитарски проекти од овие простори.

Соработката помеѓу Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ започнала уште во 1998. година кога го реализирале албумот „Крушево“ кој зазема култен статус кај сите љубители на гитарскиот звук.

„Заедно со Мирослав Тадиќ се наоѓаме на почетокот на настанувањето на новиот албум чиј работен наслов е ’Крушево 2’. Ние не сме сигурни како тој албум ќе се вика бидејќи уште не знаеме каде ќе го снимаме“, рекол Стефановски за белградските медиуми.

„Таа музика јас и Мирослав синоќа првпат ја свиревме во јавен настап така што и за нас претставуваше радост но и инструментален предизвик. Луѓето кои внимаваат на звукот и квалитетот на музиката многу го ценат нашиот албум ’Крушево’ и поради тоа ние продолжуваме да го работиме полека со непрекинато творечко преиспитување“, додал Влатко.

Нашиот светски познат гитарист рекол дека од луѓето постојано слуша „Мора ова, мора она…“, но истакнува дека е „Најважно е да се остане жив во овој луд свет“.

„Културното наследство па со самото тоа и музиката на Балканот е големо богатство на кое мораме да бидеме многу горди. Раскошот на балканската музика одамна ја запознав, а ако во светски рамки некој не знае за неа тогаш тоа е негов едукативен пропуст“.

Тој вели дека младите денес генерално побргу учат и ги совладуваат знаењата и вештините.

„Мојот син се заинтересира за тапани и многу бргу учи и напредува. Денес толку многу е достапно на интернет. Знаењето е на изволте и младите го користат тоа. Ние ги успорувавме плочите за да совладаме некое соло на гитара…Денес е поинаку. Има многу млади луѓе кои наскоро ќе бидат врвни музичари и ќе успеат да ја одбегнат естрадизацијата на нашите животи која владее во целиот свет“, вели Стефановски.

Инаку, тој ја напишали музиката за новиот игран филм на Горан Паскаљевиќ за кој нашиот Стефановски има само зборови на пофалба и навестува дека сигурно ќе освојува многу награди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This