ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ НА БАНКА ВО ОХРИД: Вооружено маскирано лице одзело околу 50 илјади денари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вооружено маскирано лице денеска извршило грабеж во банка во Охрид.

Според полициското соопштение, разбојникот во 10:47 часот со оружје во рака и капа на главата влегол во филијалата на „Силк роуд банка“ лоцирана на пресекот на булеварот „Македонски просветители“ и улицата „Димитар Влахов“ во Охрид.

Притоа тој пришол до шалтер на банката и од вработените побарал да му бидат предадени сите пари. Банкарските службеници на непознатиот сторител му предале околу 50 илјади денари, по што разбојникот излегол низ влезната врата и заминал во непознат правец.

На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид под водство на јавен обвинител и полициски екипи, а службеници на Секторот за внатрешни работи Охрид преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот на казненото дело „разбојништво“.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This