April 26, 2024, 10:57 am

ВОСТАНИЕТО СЕ ШИРИ: Светот стравува од нова „интифада“ по одлуката на Трамп!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред 30 години на 9. декември 1987. изби интифада, палестинско народно востание кое на палестинските подрачја беше активно во следните шест години. Востанието траеше се до потпишувањето на договорот од Осло и меѓусебното признавање на Израел и Палестинската ослободувачка организација

Интифадата започна во бегалскиот камп Џабалија во појасот Газа, ден откако камион со израелска војска се судри со палестински цивилен автомобил во кој загинаа четворица палестински работници. На погребот на жртвите на 9. декември дојде до првите насилни судири помеѓу палестинските демонстранти и војската. Наскоро се кренаа и уште осум бегалски кампови во Газа и интифада, „војна со камења“, која се прошири на окупираните подрачја како пожар.

Интифадата беше израз на насобраната фрустрација на дваесетидвегодишната окупација на палестинските подрачја и политиката на „челична тупаница“ кон секој палестински отпор кој го наметна тогашниот министер за одбрана Јицак Рабин.

Изненаден од размерите на востанието, Рабин прво нареди на палестинските демонстранти да „им се скршат коските“, но подоцна призна дека нема воено решение за побуната. Израелските војници, кои не биле припремени за спроведување на полициските задачи, на палестинските камења и запаливи боци одговорија со убиствено оружје.

Прв пат во 40 години арапско-израелскиот судир, Палестинци на Западниот брег и појасот Газа, милион и половина, беа во војна со Израел. Улиците станаа боишта помеѓу млади „шабаби“, млади од 10 до 25 години кои се бореа со камења.

Масовното востание го изненади дури и лидерството на ПЛО, тогаш сместено во Тунис.

Во септември 1993. Израел и ПЛО потпишаа договор во Осло кој со ракување го запечатија палестинскиот водач Јасер Арафат и Јицак Рабин кој во меѓувреме стана премиер. Непријателствата престанаа на двете страни.

Во шест години интифада убиени се околу 1.600 Палестинци, а речиси четвртина од нив помлади од 16 години и околу 300 Израелци.

Низ израелските затвори во овој судир поминаа помеѓу 120 и 140 илјади Палестинци.

За време на првата интифада настана денес на сите познатата група Хамас која не го призна договорот од Осло. Противник на мировниот процес имаше и на дургата страна, па така еден еверјски активист го уби Рабин во 1994.година.

Во септември 2000.0 контроверзната посета на лидерот на израелската десница Ариел Шарон на ридот во храмот во источен Ерусалим ја поттикна втората палестинска интифада која траеше наредните пет години. Во неа загинаа 3.000 Палестинци и 1.000 Израелци.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел, светот стравува дека тоа би можело да биде повод за трето Палестинско востание.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This