ВОЈНА И(ИЛИ)МИР: Сите сакаме мир, но не по цена да ја загубиме државата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ljubisa-gergЉубиша Герогиевски сигурно е пре мудар и супер образуван Македонски интелектуалец. Начитан, нагледан, научен…

Неговата изјава за “мирот“ во четвртокот на митингот во Скопје (каде присуствував) е точна, апсолутно точна.

Тоа што Љубиша вели дека е мир, стварно е мир. И она што вели дека е војна, секако е војна. Секој нормален човек на планетава сака мир, никој не посакува војна. Војната, како таква, доаѓа не оти се поскува, туку како единствена преостаната опција.

Љубиша вели МИР. Да, мир сите сакаме.

Но…

Да, да, да… Секогаш има едно “но“. Овојпат тоа “но“ е Големо НО.

Но, велам, доколку имало мир, а татковците не ги погребувале своите синови и внуци, денеска над Москва, Сталинград и Ленинград сеуште би се веело знаемето на нацистите. Доколку имало мир, Краснаја армија не би го развеала Советското знаме на Рајхстагот во Берлин. Без војна, сеуште би била Бугарија од Черно море до Охрид. Без војна и без закопување на најубавите цветови на своите татковини, Франција сеуште би го имала за главен град Виши, а статуите на Петен би доминирале кај Галските петли. Без војна, не би постоеле САД, а Северна Америка сеуште би била прекуокенска колонија на Британската кралица.

И, ве молам, немојте сега со примерот на Махатма Ганди. Бидејки неговиот ненасилен отпор е уникатен, но за време на тој негов отпор милиони жители на Инидскиот потконтиент загинале во верски, етники и расни судири, умреле од глад или болештии… И, ако зборуваме за Ганди, редно би било да ги погледнеме и примерите на заминувањето од овој свет на Индира и Раџив Ганди.

Така да, мир – да, но!!! Но, ако треба да е по цена на исчезнување на Македонија и Македонецот — тогаш, не.

 

Миленко Неделковски

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This