ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ ЗА НЕКОЛКУ ГОДИНИ: Шефот на американските воздухопловни сили повика на формирање на вселенски вооружени сили

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Војна во вселената е само прашање на време, предупредува висок генерал во Воздухопловните сили на САД. Генералот смета дека неговата армиска гранка треба да започне со припреми за таква војна со цел САД да ја задржи „вселенската супериорност

Шефот на генералштабот на Воздухопловните сили на САД Дејвид Голдфин пред група на воени пилоти на 34-от годишен воздухопловен симпозиум зборуваше за војна во вселената во Орландо, Флорида. Генералот на УСАФ тврди дека сака да ги води Воздухопловните сили во ваква, вселенска воена кампања.

„Време е за нас како армиска гранка, без разлика на специјалноста на значката, да ја сфатиме вселенската супериорност со истата жестокост и чувство за сопственост каква што денес имаме во воздушната супериорност“, вели тој. „Јас верувам дека војната ќе се води во вселената за некоја година. И ние како армија мораме да водиме во заедничка борба за освојување на вселената. Ова е она што нацијата го бара.

Голдфин ги постави и рамките на неговиот план за интегрирање на разузнавачките и комуникациските капацитети на службата – во воздух, море, сајбер и вселената.

Тој исто така повика на развој на нова генерација на офицери кои ќе ја водат оваа битка. Голдфин го повика полковникот Стивен КВаст, командир на Воздухопловната школа, да развие програма за тренинг на нови офицери за вакви специјални мисии.

„Треба да изградиме заедничка, паметна вселенска сила“ – додава Голдфин.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This