April 16, 2024, 11:46 am

ВОЈНА ПОД ЛАЖЕН ИЗГОВОР: Швајцарската влада смета дека САД требало да почекаат за резултати од истрагата пред да нападнат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Франција требаше да ги почекаат резултатите од експертизата на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО) за наводната употреба на хемиско оружје во Сирија, а не да изведуваат изненадни напади, изјави министерот за одбрана, цивилна заштита и спрот на Швајцарија, Ги Пармелен.

„Обединетите нации таму упатија експерти за хемиско оружје. Таа мисија може да идентификува можна употреба на хемиско оружје, требаше да се почекаат резултатите“, рекол Пармелен за „Блик“.

Тој додава дека швајцарските власти иницираат враќање на преговарачка маса.

„Војната во Сирија беше предмет на преговори во Женева. Тие мораат да бидат продолжени што е можно побрзо. Цивилното население страда и тоа е неприфатливо“, истакнал Пармелен.

Швајцарскиот министер за внатрешни работи Игнацио Касис за „Нуре цурхер цајтунг ам зонтаг“ изјавил дека нема докази дека сириските власти навистина користеле забранети супстанци. Тој потсетил дека во светот и претходно почнувале војни под лажни изговори, како на пример во Ирак.

„Не одобрувам никаква воена ескалација“, нагласил Касис.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This