Војна помеѓу снаа и свекрва: Мајката на Игор е причината за разводот со Северина – ја обвинила дека го изневерува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во медиумите долго време се шпекулираше за разводот на Северина и Игор, се до неодамна кога пејачката потврди дека се развеле, но и дека Игор бил добар партнер.

Наводно нивните проблеми започнале кога Северина сакала да го реновира базенот во домот на Игор, но наводно тоа не е точно.

Бракот на популарната двојка започна да се “лула“ кога се вмешала мајката на Игор, Оља Којиќ. Како што вели извор за курир.рс, таа долго време ја следела Северина и дознавала разни работи за неа, па и наводно дека Игор го изневерува со еден црногорски мафијаш.

Кога собрала докази, наводно Оља и кажала на Северина се во лице и настанала кавга, па се вмешале и Игор и Кеба. Тоа се случувало во карантинот претходната година кога Северина беше во Белград повеќе од еден месец.

Наводно, тогаш паднале тешки навреди меѓу Оља и Северина, па наводно екс свекрвата и кажала дека многумина знаат за нејзината афера со мафијашот од Црна Гора, дека ги виделе заедно во Подгорица и дека Игор и служи само да и го забавува синот.

Овие зборови многу ја погодиле Северина, па и кажала на свекрвата дека треба да и е срам што се меша и дека нема вистина во тоа што го зборува.

Игор не знаел на која страна да биде па цело време држел дистанца. Тоа уште повеќе ја разбеснило пејачката, па седнала во автомобилот и излегла од домот иако имаше полициски час.

Потоа, набргу се вратила се Хрватска и тоа била последната средба со семејството Којиќ.

Наводно, Игор повеќе од една година се обидувал да го спаси бракот, сакал да разговара со Северина и да дадат уште една шанса на нивната љубов. Меѓутоа, пејачката инсистирала да се разведат.

По разделбата со Севе, Игор многу ретко е во домот на родителите бидејќи имал жестока кавга, но е во контакт со нив.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This