ВОЈНИК НА ИДНИНАТА: Во Русија претставен егзоскелетот на „војникот на иднината”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Централниот научноистражувачки институт за прецизна машиноградба (во состав на „Ростех“) изработи и во реални борбени услови тестираше егзоскелет од пластика зајакната со јаглеродни влакна кој го олеснува движењето на војникот со товар до 50 килограми, соопшти корпорацијата „Ростех“.

„Во показниот центар на „Ростех“ е претставена егзоскелетна конструкција за опремата на „војникот на иднината“. Проектот е веќе тестиран и одобрен во руската војска во услови на реални борбени дејствија. Притоа покажа висока ефикасност“, го пренесуваат медиумите соопштението на корпорацијата.

Не е прецизирано во какви конкретно борбени дејствија е користен егзоскелетот.

„Направен е од лесна пластика зајакната со јаглеродни влакна и може да го растовари мускулно-скелетниот систем на војникот при пренос на товар до 50 килограми тежина (војнички ранци, специјална опрема, вооружување и муниција) за време на долги маршеви или во јуришни операции”, соопшти „Ростех“.

Во мај генерал-потполковник Јуриј Ставицки изјави дека за инженериските сили на руската војска како дел од опремата се проектираат пасивен егзоскелет и обувки со заштита од експлозии.

Претходно главниот конструктор на системите за одржување на животните функции во состав на воената борбена опрема во Централниот научноистражувачки институт за прецизна машиноградба Олег Фаустов изјави дека опремата на војникот наскоро ќе добие нови елементи на опрема и ново оружје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This