April 27, 2024, 12:53 am

ВОЈНИЦИТЕ ПОВТОРНО БЕЗ ЧИЗМИ: Шекеринска набавила само мали броеви на чизми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Војниците повторно на мака и покрај навидум решен стар проблем. Информациите кои ги лиферуваше Нетпрес говорат дека поголемите броеви на новите чизми за припадниците на армијата во рекордно време биле разделени, а останатите се неупотребливи и не одговараат на големината на стапалата на војниците.

Иако помпезно беше проследена набавката на новите војнички чизми, неофицијално, дел од нив ќе останат во армиските магацини, а наводно војниците ќе продолжат да ја користат старата опрема.

Имено, Министерство за одбрана, според она што може да се види во јавната набавка за воени чизми, воопшто не предвидело чизми со големина 44. Министерството набавило: 65 чифта со број 36, 250 чифта со број 37, 440 чифта со број 38, 350 чифта со број 39, 1,760 чифта со број 40, 1,762 чифта со број 41, 1,780 чифта со број 42, 500 чифта со број 43, 130 чифта со број 45, 130 чифта со број 46 и 10 чифта чизми со број 47.

На почетокот на нашиот мандат знаевме дека треба да се концентрираме на основни работи: чизми и униформи. Тие беа рак-рана којашто често пати се спомнуваше од страна на припадниците на Армијата, истакна по набавката министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Министерството за одбрана за набавката на машки војнички чизми, вкупно 7,177 чифта, издвои неполни 40 милиони денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This