ВОЈНИЦИТЕ ПО БОЛНИЦИ, ШЕЌЕРИНСКА ПО ГОСТИ: Додека Рада си ја билда биографијата, војници завршуваат во болници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска си ја билда својата лична биографија, и си прави свој личен ПР на сметка на Министерството за одбрана на семинари организирани од невладини организации со звучни имиња, како на пример Европски Совет за Надворешни Работи, која невладина е дел од соросовата мрежа на платенички организации, војниците од АРМ буквално завршуваат во болници со тешки повреди, заради негрижата и незаинтересираноста на раководните лица на министерството.

 

Откако Шеќеринска застана на чело на министерството, тешко стекната репутација и домашен и меѓународен углед на министерството и армијата е во слободен пад, а министерството и армијата продолжуваат да тонат во неопременост и нефункционалност.

Последниот случај кој се случи вчера, а во кој тешко беше повреден војник при изведување на воена вежба за боево гаѓање со рачен ракетен фрлач, е само продолжение на низата вакви случаи кои се случија откако СДСМ го презеде министерството за одбрана.

Колку за потсетување, пред само месец дена, на 20 април, имавме случај кога вработен во АРМ, добил изгореници од 2 и 3 степен по целото тело (најверојатно од барут), при изведување вежбовни активности на армискиот полигон „Криволак“. Исто како и сега, така и тогаш, не видовме никаква реакција од министерството за одбрана. Токму тој ден, министерката си тераше работни појадоци со дипломати, па не се потруди ни да го посети повредениот припадник на АРМ.

Можеби најтешкиот инцидент се случи пред два месеци, на 22 март во тетовската касарна. Со испукан еден куршум од митралез од поголем калибар дојде до повредување на двајца професионални војници на АРМ. Повредените војници беа префрлени на хируршка интервенција на КАРИЛ во Клиничкиот центар во Скопје. И покрај тоа што имаше реакција од министерката и им посака побрзо опоравување, нормално, пак, никој не презема одговорност.

Зачестувањето на инцидентите, во просек по еден инцидент месечно, во кој војници и офицери се во животна опасност е недопустливо за една современа армија која се стреми да биде составен и рамноправен дел од НАТО, и да стои рамо до рамо со армиите на другите држави.

Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија не смеат да бидат заложник на катастрофалното менаџирање на Радмила Шеќеринска. Најмалку што може министерката е да признае дека нема капацитети и визија за да го води ова министерство и да си даде оставка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This