ВОЈСКАТА ДАРУВАШЕ КРВ: Војници од гарнизоните во Скопје, Велес и Петровец денес во хумана акција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Припадници на АРМ од гарнизоните Скопје, Велес и Петровец како и многупати досега во голем број се приклучија на денешната акција на доброволно дарување на крв која се спроведе во Домот на АРМ во Скопје, како дел од планираните активности за одбележување на 25 години од формирањето на Армијата на Република Македонија.


Притоа, од нивна страна на симболична цермонија на дел од армиските припадници кои имаат дарувано крв повеќе од 25 и 50 пати се врачија благодарници, признанија, плакети и значки.

Денешната крводарителна акција на која се собраа повеќе од 250 крвни единици ја потврдува хуманоста на припадниците на Армијата на Република Македонија кои секогаш се подготвени да пружат помош онаму каде за тоа има потреба.

Во 25 годишното свое постоење АРМ во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија и Институтот за трансфузиона медицина организира и спроведува крводарителни акции во сите команди и единици,а  по повод одбележување на деновите на единиците, денот на АРМ но и за укажана потреба. Секоја година просечно се организираат помеѓу 15-20 вакви акции на кои учествуваат помеѓу 800-900 постојани крводарители, кој број континуирано се зголемува.

Од почетокот на оваа година, АРМ има спроведено 18 крводарителни акции на кои се собрани 768 крвни единици.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This