ВО АЛБАНИЈА НАЈАВЕН НАЈГОЛЕМИОТ НАЦИОНАЛЕН ПРОТЕСТ: Албанската опозиција денеска на масовен протест

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обединетата албанска опозиција за денеска го најави одржувањето на „најголемиот национален пpотеcт“, со истите барања за заминување на премиерот Еди Рама и формирање преодна влада, која ќе спроведе предвремени парламентарни избори.

Ќе се прот естира пред Владата и за разлика од претходните, денеска про тестот почнува во 18 часот.

Од февруари, кога почнаа про тестите, досега се одржани осум про тести, од нив шест пред Парламентот, а два пред Владата.

Лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, од градот Фиер рече дека „криминалната банда на Еди Рама мора да си замине“.

Еди Рама и неговата баHда мора да си одат и треба да знаат многу добро дека избори без опозиција нема да има. Каузата за ослободувањето на Албанија од бан дата на Еди Рама е прифатена од огромното мнозинство Албанци – рече Баша.

Последeн апел пред денешниот пpотест, за што помаcовно учество, тој упати преку социјалните мрежи.

Во сабота во 18 часот сите во Тирана! За вистински стандарди, за благосостојба на секој Албанец, за нашиот дом, за нашите деца, ЗА АЛБАНИЈА КАКО ЦЕЛА ЕВРОПА! – напиша Баша.

Албанската полиција е во целосна готовност. Ќе бидат ангажирани повеќе од 1.300 припадници на полициските единици. Пред Владата се поставени безбедносни камери, соодветни заштитни огради, како и заштитни решетки на позорците и вратите.

Синоќа преку социјалните мрежи, шефот на државата Илир Мета, на власта и опозицијата им порача дека е „неопходно да се создаде нова клима во која ќе се сослушаат еден со друг, а посебно да се дозволи кри тичко размислување, така што општеството ќе може постојано да се рефлектира и реформира“.

Амерканската амбасада од своите државјани побара да го избегнуваат делот на Тирана каде што ќе се одржува про тестот, но и оној кај Парламентот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This