Во Арачиново се пронајдени само 400 килограми мapиxyана, останатите иcчeзнaлe?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали во полициската акција во Арачиново се пронајдени само 400 килограми марихуана, останатите 1,6 тони исчезнале?

Во полициската акција во Арачиново запленети биле два тони марихуана, а според нашите неофицијални информации од МВР, запленети биле само 400 килограми, а останатите 1,6 теони исчезнале, дознава Курир од полициски извори.

Акцијата во скопско Арачиново поврзана со украдената мариуана започна синоќа и траеше во текот на денешниот ден.

Неофицијалните информации, кои веќе се појавија и во дел од медиумите, се дека станува збор за марихуаната која во петокот беше украдена од магацин за склад на марихуана во Јосифово.

Тогаш МВР во полицискиот билтен сподели информација дека кражбата се случила околу 3 часот наутро.

-На 04.12.2020 околу 03.00 часот, во Полициска станица Валандово е пријавена кражба на марихуана од склад за марихуана на фирма во село Јосифово. СВР Струмица презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, беше тогаш објавено во полицискиот билтен на МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This