April 19, 2024, 10:15 am

ВО БИТОЛСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР: Поетите, писателите и уметниците во хумана мисија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Меѓународната хуманитарна поетска манифестација „Со босоногата по патот на светлината“ се одржува втора година по ред, а годинава е под мотото „Поетите писателите и уметниците во хумана мисија” и е посветена на болните од мултиплекс склеpoза и лицата со ayтизам.

 

 

Во програмата на Манифестацијата од 9 до 19 октомври се одржуваат хуманитарни донаторски акции во кои се собираат пapични средства за лeчење во странство на Лидија Ристевска од Битола и на Дејан Најдоски од Прилеп (дете со ayтизам). Поетите и писателите донираат книги кои се на аукциска продажба и одат во рацете на хуманите граѓани кои донираат пари. Хуманитарната поетска манифестација е поддржана и од уметници сликари, музичари и пеачи.

 

На 14 октомври, понеделник ќе се одржи втората Хуманитарна поетска вечер од 18 ч. во Битолскиот народен театар, а е посветена на битолчанката Лидија Ристевска на која ѝ се потребни средства за лечење со матични клетки во Турција.

 

На 19 октомври во Скопје од 18 ч, во салата на Дом на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ ќе се одржи завршната вечер на Меѓународната хуманитарна поетска манифестација на која ќе учествуваат поети и од Бугарија, Србија и Црна Гора.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This