ВО БOЛНИЦА ТРИ СВЕШТЕНИ ЛИЦА: Позитивни на кopoнавирусот се еден владика и двајца свештеници од СПЦ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кај епископот ваљевски г. Милутин од Српската православна црква (СПЦ) е потврдено присуство на kopонавирусот, како и кај двајца свештеници од оваа епархија. Во моментов, тројцата се наоѓаат во бoлницата во Белград, соопшти Кабинетот на епископот.

Како што е наведено во соопштението, никаква делегација, свештеници или верници не ја посетиле епархијата во последно време, а како што додаваат, и самиот епископ не патувал во ниту едно кризно подрачје заразено од коронавирусот.

„Од моментот на прогласување вонредна состојба во Србија, епископот Милутин не го напушти седиштето на епархијата и од самиот почеток ги почитуваше правилата на изолација. Тој прв ја донесе одлуката за прекин на осветувањето домови пред Велигден, имајќи предвид дека во Ваљево се појави вирусот и стравувајќи дека на тој начин може да се прошири заразата“, стои во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This