Во бopбaтa пpoтив Koвид-19: Плaнoт нa Меркел зa cпac нa Божиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поттикнати од желбата на канцеларката за „заеднички пристап“ во борбата против пандемијата, премиерите на германските покраини работат на нови предлози за периодот по крајот на ноември.

Откако минатата недела ги отфрлиja нејзините барања за поостри мерки, Ангела Меркел им ги врати жешките компири на покраинските премиери за да се договорат за концептот за кој сите би се согласиле. Концептот треба да биде презентиран на заедничкиот состанок на премиерите на сојузните покраини и канцеларката утре, среда, 25 ноември, пренесува ДВ.

Судејќи според првите информации што доаѓаат генерално се планираат построги мерки на затворање како одговор на рекордниот број на ново заразени лица од петокот кога биле евидентирани 23.648 нови случаи. Но, покрај острите мерки до 20 декември, политичарите подготвуваат и отстапки за време на Божиќните празници.

Што има на масата

Продолжување на делумното затворање до 20 декември. Хотелите, рестораните, фитнес клубовите, кината и театрите имаат забрана за посетители. На рестораните им е дозволено да продаваат храна за носење, а хотелите смеат да примаат само гости кои се на службено патување. Граѓаните треба да продолжат да избегнуваат непотребни контакти и да се воздржуваат од патувања.

Меѓу новите мерки, воведено е ограничување на собири на членови на само две домаќинства со вкупно најмногу пет лица, што не вклучува деца под 14-годишна возраст.

Обврската за носење маски останува во сила во продавниците, јавните институции и јавниот превоз. Можно е да се воведе обврска за носење маски на отворен простор, каде што е зголемена концентрацијата на луѓе, како на пример во пешачките зони.

Исклучоци за Божиќ

Исклучоци се можни во периодот од 21 до 27 декември

Дозволено е да се среќаваат луѓе од повеќе од две домаќинства со зголемување на горната граница на присутните на 10. Сепак, по овие собири се препорачува самоизолација од неколку дена.

На црквите може да им биде дозволено да одржуваат типичните Божиќни церемонии, но треба да се избегнуваат собирања повеќе верници.

Нова година

Апел до граѓаните да се воздржат од огномет и пиротехника. Можна е и забрана за продажба на пиротехнички средства.

Училишта

Маските ќе бидат задолжителни на часови (во моментов се потребни само во случај на движење низ училницата или училиштето) за ученици постари од 7 години. Во училиштата без случаи на инфекција, можно е изземање од оваа обврска.

Во случај на инфекција, целиот клас треба да оди во самоизолација пет дена, по што треба да се тестира, а тестот оди на државната сметка. Одлука за предавање од дома може да донесе секоја федерална покраина за себе.

Економски стимулации

Продолжување на тековните мерки за помош за мали претпријатија, трговци поединци, како и за клубови и здруженија. Федералните покраини, исто така, ќе и предложат на федералната влада продолжување на финансиската помош за особено погодените индустрии, како што е туризмот, како и за клубовите или секторот за организирање настани, до средината на следната година.

Се препорачува да се провери дали на здравствено осигурување му е потребна финансиска поддршка со оглед на понискиот приход и поголемите расходи за време на короната.

Продолжувањето и делумното заострување на мерките политичарите го објаснија со фактот дека сè уште има голем број новозаразени.

– Ако престанеме со мерките прерано, ризикуваме да мора да започнеме одново. Подобро е да се започне сега, отколку тоталното затворање за Божиќ – рече премиерот на Баварија Маркус Зедер.

Во исто време, покраините со помал број новозаразени лица се за исклучок од мерките воведени на територијата на цела Германија.

Ова е особено точно за провинциите на север, како што се Шлезвиг-Холштајн или Мекленбург-Западна Померанија. Таму, бројот на новоинфицирани е значително помал отколку во остатокот од земјата. Премиерот на Мекленбург, Мануела Швајзиг, истакна дека бројот на новозаболени лица во нејзината провинција е под вредноста на 50 на 100.000 жители за седум дена. Просекот на ниво на Германија е 144, а во некои провинции, како што е Берлин, над 240.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This