Вардар по најновото клупско тестирање, потврдија уште два нови случаи инфицирани со Ковид19 во своите редови.
Со оглед на тоа дека деновиве репрезентацијата ќе има мечеви со Финска и Швајцарија, во Вардар се подготвуваат за понатамошниот дел од ЛШ сезоната, каде ги очекува меч со Кјелце, но со играчите кои останаа во клубот и кои не се повикани во селекцијата.
Играчите кои имале позитивен тест на последното тестирање веднаш биле испратени во изолација, иако немале симптоми и се чувствувале добро.
Двајцата нови случаи немале никаква поврзаност со претходните од Вардар кои беа детектирани.