April 26, 2024, 12:27 pm

ВО ВЕГАС НАЈГОЛЕМИ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕСЕТ ГОДИНИ: Пренасочени преку 100 летови поради 2цм снег!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Властите во Америка донеле одлука за затворање на главните сообраќајници кои ги поврзуваат Лас Вегас, Лос Анџелес и Феникс за што побрзо да го исчистат снегот кој паднал во тоа подрачје.


Иако невообичаено за југозападот на САД, во Лас Вегас и Лос Анџелес паднал снег. Снежните врнежи биле забележани и претходно оваа недела, а тогаш било најавено дека кон средината на неделата се можни и нови врнежи. Во Невада, снежната бура донела тенка снежна покривка, па посетителите пред познатиот знак „Добродојдовте во Лас Вегас” направиле Снешко.

Националната метеоролошка служба на САД објавила дека е забележана првата позначајна количина на снег во последните десет години на аеродромот во Вегас, а таа количина изнесува 2 центиметри.

Снегот предизвикал потешкотии како во копнениот, така и во воздушниот сообраќај.

“Ние немаме машини за чистење снег”, изјавила портпаролката на аеродромот Кристина Кревс која додала дека морале да се откажат и пренасочат над 100 летови, сѐ поради снегот.

Снегот прекрил и големи делови на пустината покрај Лос Анџелес. Пожарникарите во округот објавиле видео од снегот кој паѓа на планината Санта Моника над Малибу.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This