ВО ВЕЛЕС НЕМА ПРВАЧИЊА, ДВЕ УЧИЛИШТА СЕ СПОЈУВААТ ВО ЕДНО: Основните училишта „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и „Благој Кирков“ се спојуваат во едно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општински основни училишта „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и „Благој Кирков“  во Велес ќе се спојат во еден нов правен субјект, основно училиште „Панко Брашнаров“, одлучија доцна синоќа по повеќечасовна расправа велешките советници. Градоначалникот Аце Коцевски ова спојување го објасни како реформа, чии постапки се тешки, болни и непопуларни, но неопходни и неизбежни.

„Имаме сериозно намалување на ученици, во мрежа на училишта создадена во социјализмот, која е предимензионирана, нерационална и скапа. Споредено со состојбата со ученици од пред 10 години, во учебната 2007/8 година во двете училишта имало 983 ученици, десет години подоцна имало 675 или 308 ученика помалку, или толку колку што брои ОУ ‘Благој Кирков’ сега ученици. Иако бројот на ученици драстично паднал за третина, бројот на вработени останал ист.  Во ОУ ‘Џинот’ пред десет години имало просечно 20 деца во паралелка, сега има 16 а во ОУ ‘Благој Кирков’ имало 22, а сега има 14,5 деца во паралелка“, изјави Коцевски.

Градоначалникот образложи дека името на новиот правен субјект е по Панко Брашнаров, сведок на двата Илиндена и учител по професија, кај велешани познат како „народниот учител“ и дека сите вработени ќе бидат згрижени.

Советничката Нада Трајкова од ВМРО-ДПМНЕ го кажа нејзиниот став дека е против спојувањето, оти било премногу блиску до почетокот на учебната година.

„Слушнав дека сте биле и имале средби со сите, но ние не сме биле дел од тие дебати. Ако оваа одлука се донесе, е избрзана. Каква рационализација ќе добиеме, кога нема да има заштеди, новото училиште ќе работи во две смени како и досега. Ќе се намали бројот на паралелки, како тогаш сите вработени ќе останат на работно место,  како што тврдите?“, праша Трајкова.

Коцевски рече дека  спојувањето се одвива доцна оти долго време чекале на потпис на согласноста од Министерството за образование. Таа била потпишана на 24 август.  Со писмена реакција се јавија и од Советот на родители при ОУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, дека тие не биле консултирани околу оваа одлука за спојување на двете училишта. Коцевски одговори дека  зад писмото не стојат повеќето родители, туку група незадоволни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This