ВО ВИЕНА: Извршена трансплантација на бели дробови кај лице со коpoнавирус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Минатата недела на Медицинскиот универзитет во Виена била извршена итна и многу комплицирана трансплантација на белите дробови кај 45-годишна пациентка кај која поради Ковид-19 дошло до актутна респираторна слабост.

Екипа на лекари предводена од раководителот на Универзитетскиот оддел за хирургија и клинички оддел за торакална хирургија, Валтер Клепетко, успешно ги трансплантирале белите дробови на пациенката, кои биле толку оштетени, што веќе не можеле да се спасат и ги замениле со бели дробови на донатор на органи.

Ова е првпат во Европа на едно лице заразено со коронавирус да му се изврши трансплантација на белите дробови во навидум безнадежна ситуација.

Пациентката од корона се заразила пред осум недели, а не и помогнало ниту дишењето преку респиратор. Иако претходно не боледувала од ниту едно друго заболување, белите дробови на жената по заразата со корона вирусот биле целосно нефункионални.

Извор: Kroativ.at

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This