April 25, 2024, 11:56 am

ВО ВЛАДА РАБОТАТ „ШВЕРЦЕРИ“: Апасиев вечерва на „60 минути“ на АлфаТВ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Димитар Апасиев член на президиумот на Левица со фрапантни тврдења во емисијата „60 минути со Горан Момироски“.

Единствениот правник што го победил МВР пред Уставниот суд обвинува дека Заев, со кого не се сретнал откако дојде на власт, не спровел ниту едно од дадените ветувања за промени. Со Мицкоски не се познава, а на тврдењата на владините пропагандисти дека Левица е националистичка организација одговара со предлог да ја видат етничката структура на раководството.

Дел од поентите на Апасиев:

Македонските граѓани да бидат спокојни: На Владата нема да и биде дозволено да направи национално предавство за името.

Главниот соработник на премиерот Заев лаже за својот докторат и не сноси одговорност.

Како министерството за правда краде од парите што им следуваат на малите партиите.

Власта се одмаздува на потписниците на инцијативата на 200 интелектуалци за прекин на преговорите за името.

Неолибералите од СДСМ работат да ги збогатат богатите, а да ги осиромашат сиромасите.

Кривичната пријава за потчинување на Македонија кон Грција не застарува 10 години.

Судот ги „помилува“ шарените со власта, се уште ги гони останатите.

Апасиев е единствениот македонски политичар кој во последниве години се откажал од државна функција за да спречи на „конфликт на интереси“.

Емисијата „60 минути со Горан Момироски“ започнува во 21.50 вечерва на Алфа ТВ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This