ВО ВЛАДА „ЧМАЕЛЕ“ ВЕЛИ КОЧО АНЃУШЕВ: По сите скандали, време е да паднат оставки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за економски прашања на трибината во Велес под насловто „Силна економија-шанса за сите“ зборуваа за економските проекти, инвестиции и планови кои ги има владата како и дел од ветувањата кои беа дадени уште во време на изборната кампања.

Главните теми беа ветената просечна плата од 500 евра како и повратокот на ДДВ за граѓаните кој на големо се ветуваше уште од првиот ден на доаѓање на власт. Таквко нешто не се случи и по две години владеење.

Симптоматична и срамна е изјавата на вицепремиереот Кочо Анѓушев кој јавно кажа дека владата до сега „чмаела“.

Сите ние досега „чмаевме“, седевме и чекавме некој друг да ни го реши проблемот. Со ова што го направивме последно, јасна е иднината на Македонија во НАТО и ЕУ. Апсолутно ништо не сме направиле ако тоа сега не го искористиме да направиме подобра економија и граѓаните да живеат подобро, порача вицеремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Јавното признание на Анѓушев ги остави слушателите на трибината без збор, а јавноста вџашена. Да се признае дека владата не работела ништо цели две години и чекала да се смени името на државата за да дојдат економски прилики е навистина поразително и навредливо за народот особено оние кои ја поддржале оваа владина гарнитура и нивните економски програми.

Згора на тоа Министерот Филиплче направи цела сапуница со вакцините и вакцинирањето на својата внука.

Колку само ретроспективно да ги наведеме хронолошките случувања и скандали околу здравството.

Првиот скандал изби со мегаломанскиот тендер од 32 милиони евра за реагенси кој требаше да го добие фирма неодамна регистрирана на лице од 27 години. Па откако се обелодени во јавносто тендерот беше повлечен а набавката стопирана.

Потоа следуваше изигрувањето на медицинските работници со покачувањето на платите за само 5 отсто или нецели 900 денари.

На крај скандалот со вакцините, првчно само со погрешни декларации, па паниката кај граѓаните со епидемијата од морбили која иако беше прогласена на само шест регистирирани случаи, се прошири на 78 лица, а за вакцините и понатаму не е јасно зашто ако станува збор за погрешни декларации истите ќе се уништуваат, а фирмата која ги добавува ќе биде парично казнета, а според изјавата за казната Филипче уште еднаш покажа елементарно непознавање.

За крај би сакале да го споменеме Министерството за екологија. За  „вредниот“ министер Садула Дураку алиас командат Вентили нема потреба тој да се бави со проблемите на граѓаните, а неговиот заменик Јани Макрадули очекува влезот во НАТО и евентуално ЕУ да се справи со загадувањето на воздухот.

Ова министерство и неговоите први лици целосно разочараа во спроведувањето на барем една ефективна мерка против загадувањето или барем да утврдеа еден од големите загадувачи кој го труе воздухот.

Ред се редат скандали  и тендерски набавки нелогични за потребите на граѓаните и спротивни од интересите за  институциите и државата.

Ситуацијата не е сјајна или доблесна и во останатите министерства каде пари се трошат за луксизни јадења, бифтеци, морски плодови, скапи патувања и теткински вработувања.

Редно време е да падне  некоја оставка!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This