Во Влае 1 се реконструира улицата „Езерци“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општина Карпош ја асфалтира улицата „Езерци“ во должина од 180 метри, а во вредност од околу еден милион денари. Фирмата-изведувач е „Ескаватори МК“ Скопје.

vlae

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски изјави дека во урбаната заедница „Влае 1“ се врши реконструкција на пет улици со вкупна вредност од околу пет милиони денари.

– Во изминатиот период беа реконструирани улиците „Гари“, „Блаже Биринчето “ и „Франц Месеснел“, а подготвителни работи се вршат на улиците „Ринхини“ и „Франц Розман“ кои во скоро време ќе бидат асфалтирани. Во моментов се реконструира улицата „Езерци“, рече Јакимовски. Додаде дека извршена е подземна реконстукција на инсталации и поставени се нови канделабри.

Јакимовски појасни дека во урбаната заедница „Влае 1“ остануваат уште две улици, а должината на коловозите досега е 900 метри. Во рок од десетина дена се очекува завршување на реконструкција на улиците во урбаната заедница „Влае 1“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This