Во Гевгелија измерени рекордни 44 степени под сенка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што пред малку не информираа од метереолошката станица во Гевгелија, денеска, на празникот Илинден, во 17 часот во Гевгелија се измерени 44,1 степени во сенка. Ова е највисоката температура измерена од почетокот на топлиот бран во Гевгелија.

Од таму велат дека и во наредниот период, под влијание на многу топлата воздушна маса од југ до четврток ќе продолжи периодот на стабилно и исклучително многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Потоа, се очекува благо намалување на температурите.

За да биде ситуацијата за гевгеличани уште понеподнослива, околу 16,30 часот во градот снема струја, а сеуште чади гевгелиската депонија, која се запали пред пет дена, што придонесува во ноќните часови граѓаните, и покрај високите температури, да спијат со затворени прозорци.

Во валандовско богданскиот крај изби и пожар, исклучени се далекуводите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This