April 19, 2024, 10:28 pm

Во Германија по грeшка yништeни стотици вакцини прoтив коронавирус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради неправилно ладење, во германската покраина Баварија се уништени стотици вакцини против корона вирусот.

Инцидентот се случил затоа што баварското Министерство за здравство користело обични ладилници за транспорт на вакцината од „Фајзер“ и „Бионтек“, која мора да се чува на температура од минус 70 степени.

Експертите велат дека се непријатно зачудени од баварскиот концепт на логистика во врска со вакцината. Во Кулмбах и некои други баварски области, минатата недела, по транспортирањето на вакцината, мерачите покажале дека дозволената температура е надмината за два до осум степени, пренесува весникот „Франкенпост“.

Весникот посочува дека поради тоа стотици вакцини морале да бидат уништени.

Истрагата на магазинот „Шпигел“, пак, покажала дека станува збор за несоодветни ладилници што се користеле за транспорт, а кои ги испратило покраинското министерство.

Премиерот на германската покраина, Маркус Седер, ја смени министерката за здравство, Мелани Хумел, која претходните месеци се бореше против ширењето на пандемијата.

На нејзино место ќе дојде Клаус Холечек, сегашен државен секретар во прокраинското Министерство за здравство.

Претходно, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) остро ја нападна Хумел, обвинувајќи ја за големи грешки во работата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This